Edicija: PREVODI
112 str, 21 cm, broš. povez, 2017. god.
ISBN 978-608-4705-36-9
Izdavači
SLOVO LJUBVE - BUKVIBUKS, Skopje, Makedonija
BANATSKI KULTURNI CENTAR, Novo Miloševo, Srbija
Prevod
Valentina Gorgievska Pargo
Cena: 500 din
Knjigu možete poručiti pouzećem na mejl:
banatskikulturnicentar@gmail.com
Книгата на Радован Влаховиќ „Ненајавено како смрт“ е книга за утринските набљудувања. Но, заборавете ја класичната слика која ви ја претставува Радован Влаховиќ потпрен на лактот, наутро, на рам ката на прозорот како го набљудува светот околу себе. Бидете малку надреалистички, далиевски рас положени и замислете го Радован потпрен на ла ктот на прозор како ѕирка во неговото тело, ја набљудува сопствената душа. Е, тоа е доживување! Пу шти ја стилистиката и речениците кои можеби ќе ти се сторат познати. Овде е важна свежината и искреноста на доживувањето. Она што ви се чини познато е фактот што којзнае колкумина од нас го мислат истото. Но, има нови, неповторливи слики, асо цијации, доживувања... Неповторливи. Во тоа е сласта на овој лирско медитативен дневник кој, нас проти сè, е полн со оптимизам. има и поука, кој умее да ја извлече иако не е, недајбоже, поучна литература: заборави го секојдневието и занимавај се со себе зашто го имаш само тоа време кое ти е дадено да го проживееш: ова време; осмисли го сам својот живот кој има мали мигови на среќа, сè останато е бесцелно трошење на божјиот дар.
Братислав Р. Милановиќ
Во писателот не е, и тоа е неговата клетост, да ја бара до бесконечост и да го породува, одново и одново да ѝ се приближува, но никогаш да не го досегне. Не е тоа
само клетост. Тоа е и сласт и привилегија на оние, за кои Влаховиќ вели: да се живее значи секојдневно да се прошируваат границите на слободата. А да создаваш значи да се радуваш. Во тој магиски чин на будење и проширување на границите на слобода на авторот тргнува, кога е утрото испрано од дождот, бидејќи и самиот е испран од секојдневието, тргнува во потрага по сопствената суштина, низ која се прекршуваат и судовите за другите. Тоа не се случу ва без катарзично, христијанско преиспитување на поминатите патишта и соочување со себе си во сите нијанси, заради трасирање на нови патеки. Што и да била, или кој и да била таа која е ненајавена како смрт, таа била нужна, иако неочекувана. Не е смртта крај, таа е почеток на постоење во бескрајот, така и таа, од насловот, било да е првата љубов, или книга, или што и да е друго од есенцијално значење, спаѓа во неминовност продолженија, макар колку умирала со замирањето на љубовта, или испраќање на дел од себе во непознатото, кога книгата ќе тргне во свој живот.
Драган Поп Драган
„Помеѓу јавето и помеѓу сонот“, како некогаш oдамнa срцето на лаза Костиќ, така денас срцето на Радован Влаховиќ, го плете плетивото, навидум обично, достапно на сите, а тенко и допирливо саму за ретките. и самиот автор често пати го изразува копнежот, кој потоа преминува во потребата за да се објасни чинот на создавањето на књижевното дело. Во книгата „Ненајавено како смрт“, таа потреба ги изместува границите и прераснува во необјаснентата запрашаност на личната длабока чувствителност.
Со испишување на страниците авторот се обидува да го изнајде својот начин на опстанокот во циклусот „Ненајавено како смрт“. Од секојдневното чмаење и колотешината, ненајавеното сознание за спознавањето дека секој од нас сите идни љубови ги живее низ сознанието за првата љубов, авторот го наведува читателот да се запраша: Дали веруваме во заблуди или живееме во заблудите поради тоа верување?
Мр проф Снежана Алексиќ Станојловиќ